Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на почетните активности за асфалтирање на улиците во населбата Градинар.
Околу 900 граѓани кои тука живеат, пред извесно време добија фекална канализациона мрежа. Согласно ветувањето, потегот на површина од околу 12 000 квадратни метри ќе биде и целосно асфалтиран, со што се заокружува целиот проект.
-Денес сме на улицата “1” , од каде започнуваме со градежниот зафат за асфaлтирање на улиците во населбата Градинар. Во изминатиот период овде работевме на изградба на фекална канализациона мрежа, па фекалните води сега завршуваат во изведените колектори по булеварот “Србија” и покрај Усјанскиот Канал, а на населението му овозможивме достоинствени услови за живот, какo што треба и мора да биде во 21-от век. Како што ветив, до крајот на годината улиците во населбата Градинар, односно површина од околу 12 000 квадратни метри, ќе бидат опфатени со асфалтирање, и конечно ќе го заокружиме овој проект, кој уште пред многу години требало да биде приоритетен- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во градежните зафати во населбата Градинар.