Кошарка

Оклахома го доби дербито на Западот, Лилард со свое шоу

Оклахома го доби дербито на Западот, Лилард со свое шоу

Дамиан Лилард во мечот со Детроит пистонс го искориси за да се запише во историјата на Милвоки бакс.

Тој во победата на неговиот тим од 141:135 стана првиот кошаркар во историјата на Милвоки кој на еден натпревар постигнал 45 поени, повеќе од 10 асистенции и повеќе од пет скока. Лилард мечот го заврши со 45 поени, шест скока и 11 асистенции.

Одлична партија одигра и Јанис Адетокумбо на кого му фалеше една асистенција за трипл-дабл (31 поен, 10 скока и 9 асистенции). Кај Детроит кој има само четири победи во 42 меча, Алек Буркс даде 33 поени.

Оклахома Сити тандерс го доби дербито на Западот против Минесота тимбербулфс со 102:97. Шеј Гилџес-Александер со 33 поени беше најдобар кај победничкиот тим, додека Ентони Едвардс со 19 поени ја предводеше листата на стрелци кај Минесота.

Резултати: Детроит – Милвоки 135:141, Шарлот – Филаделфија 89:97, Вашингтон – Сан Антонио 127:131, Атланта – Кливленд 95:116, Њујорк – Торонто 126:100, Чикаго – Мемфис 125:95, Хјустон – Јута 127:126, Минесота – Оклахома сити 97:102.

 

Теми на денот

To top