Фудбал според марка

Карло Анчелоти добива дури пет зимски „засилувања”

Карло Анчелоти добива дури пет зимски „засилувања”

Шпанскиот весник “Марка” открива дека Реал Мадрид ќе добие дури пет „нови“ играчи. Ќе доаѓаат од внатрешни резерви, и затоа се напишани под наводници.

„Преполната болница на Реал во сезона обележана со повреди конечно ќе почне да се празни пред патувањето во Саудиска Арабија. На 10 јануари Реал таму го чека првиот натпревар од Суперкупот против Атлетико, во натпреварување во кое се и Барселона и Осасуна. Се очекува по долгите паузи таму сите да играат освен Тибо Куртоа и Едер Милитао чие враќање се очекува на крајот од сезоната и Давид Алаба кој ќе се врати на лето.

Така, Анчелоти конечно ќе ги има на располагање Едуардо Камавинга, Арда Ѓулер, Ферланд Менди, Дани Карвахал и Винисиус Јуниор. Ова се зимските засилувања на Реал“, пишува Marca и додава: „Ѓулер е најочекуваниот божиќен подарок за навивачите на Реал и сега конечно е блиску до дебито на играчот со кој потпиша пред повеќе од пет месеци.

Младиот (18) турски скапоцен камен, кој летово беше купен за 20 милиони евра, едвај чека конечно да заигра. И додека тој нема да биде клучен играч оваа сезона, Винисиус и Камавинга сигурно се. По медицинските процедури во Америка се подготвуваат на терените на ЛА Галакси“.

To top