Останати спортови

Дуплантис по осми пат си го урна својот и постави нов рекорд

Дуплантис по осми пат си го урна својот и постави нов рекорд

Популарниот Мондо по осми пат во својата кариера си урна свој и постви нов рекорд во скок со стап, откако на дијамантската лига во Кина прескокна 6 метра и 24 сантиметри.

Откако не успеа да ја прескокне оваа граница на претходниот митинг, Дуплантис очигледно добро се подготвувал изминативе месеци, па така денеска во Џиамен постави нов светски рекорд на отворено.

Дуплантис има само 24 години и својата неверојатна низа на рекорди ја почна пред четири години, кога првпат ја надмина границата од 6 метри и 17 сантиметри.

Оттогаш, Дуплантис поставува нови стандарди во атлетиката, па за верување е дека ќе го подобри светскиот рекорд за уште неколку сантиметри во наредните неколку години.

 

To top