Фудбал конференцијска лига

Динамо на Ристовски и Адеми во игра за нокаут-фазата во Конференциската лига

Во рамките од петтото коло во Конференциската лига фудбалерите на Динамо Загреб славеа важна победа на гостувањето кај Астана со 2:0.

Претставникот од Казахстан можеше да дојде до водство во 12 минута, но непрецизен од пенал беше екс играчот на Шкупи, Дарбо.

Казната стигна на стартот од вториот дел кога Хрватите поведоа преку Видовиќ, а од 73 минута Астана играше со фудбалер помалку поради двата жолти картони на Јованчиќ.

Конечниот епилог беше поставен во 79 минута кога домашната мрежа ја затресе Канеко.

За „модрите“ до 78 минута настапи македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, а потсетување дека Аријан Адеми не е регистриран за настапите во ова натпреварување. На спротивната страна поради жолти картони Алекса Амановиќ.

На табелата Плзен има 12 бодови, пред Динамо Загреб кој има шест, Балкани четири и Астана по четири, со напомена дека во тек е натпреварот Балкани – Плзен.

Во последното шесто коло Динамо Загреб е домаќин на Балкани на 14 декември.

Теми на денот

To top