Кошарка

АБА лигата ги објави термините за полуфиналната и финалната серија

АБА лигата ги објави термините за полуфиналната и финалната серија

Челниците на АБА лигата официјално ги објавија термините за одигрување на полуфиналната и финалната серија од овогодинешното издание на плеј-офот.

Првата серија ќе стартува на 30 април, а екипата на Партизан на домашен терен ќе го пречека тимот на Будуќност. Втората полуфинална серија помеѓу Црвена Звезда и Мега Баскет ќе започне на 3 мај, а почетокот на финалната серија е официјално закажан за тринаесетти мај.

Полуфиналните серии се играат до две остварени победи, а шампион на крајот ќе биде тимот што во финалето прв ќе дојде до три триумфи. Доколку бидат потребни четврти и петти меч, тие ќе се одиграат на 21 и 25 мај.

Теми на денот

To top