Свет Халкала

Во Турција осудени девет железничари на повеќе од 108 години затвор поради несреќа во која загинаа 25 луѓе

Судски процес се водеше против 13 вработени во Турските железници, а четворица беа ослободени од обвиненијата.

Во Турција осудени девет железничари на повеќе од 108 години затвор поради несреќа во која загинаа 25 луѓе

Судот во Турција осуди деветмина железничари на повеќе од 108 години затвор за несреќата од пред шест години, при што загинаа 25 лица, од кои седум деца, а беа повредени повеќе од 300 луѓе.

Патнички воз на Турските државни железници излета од шините во јули 2018 година додека минуваше низ округот Чорлу, околу 110 километри западно од Истанбул. Возот сообраќал од Узункопру во близина на грчката граница до станицата Халкала во Истанбул – главната железничка рута на Турција до Европа. Вештачењето покажа дека силниот дожд предизвикал лизгање на земјиштето над железничката пруга и го обвини железничкиот оператор дека не преземал мерки на претпазливост од тешки временски услови.

Судски процес се водеше против 13 вработени во Турските железници, а четворица беа ослободени од обвиненијата. Додека тогашниот регионален менаџер на Турските железници беше осуден на најтешката казна – 17 и пол години затвор. На најмала затворска казна од 8,4 години е осуден заменик менаџерот за одржување на железницата.

Теми на денот

To top