Македонија ДИК

До 17 часот гласале 44,18% од избирачите во Македонија

-Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места, рече Даштевски.

До 17 часот гласале 44,18% од избирачите во Македонија

Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1788 избирачки места.

-Од вкупно запишани 899 977 гласачи на овие избирачки места гласале 397 612 избирачи,  односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Најголема излезеност,  67,19 проценти, има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5 отсто.

-Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места, рече Даштевски.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезеност за околу девет отсто.

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачоте им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

Гласањето завршува во 19 часот, а следната прес-конференција на ДИК е најавена за 19:30 часот.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top