Фудбал

Чави: Судијата беше катастрофален

Чави: Судијата беше катастрофален

Главниот судија на натпреварот Иштван Ковач го исклучи Роналд Араухо во 29. минута од натпреварот и од тој момент парижаните започнаа да доминираат.

Во вториот дел црвен картон за протести доби и Чави, а пет минути потоа Ковач досуди пенал за гостите, кој Мбапе го реализира за 1-3 и голема радост на фудбалерите на ПСЖ.

Чави по мечот на прес-конференцијата не можеше а да не го коментира судењето: „

„Не можеме да молчиме. Судијата директно го смени натпреварот и целиот двомеч. Ова беше катастрофа. Нема смисла да се зборува за натпреварот. Судијата уништи сè“, кратко изјави Чави.

To top