Фудбал поради навредите за Гринвуд

Белингем под закана за суспензија

Белингем под закана за суспензија

Џуд Белингем би можел да заработи суспензија од Шпанската фудбалска федерација поради навредливите коментари упатени за екс-играчот на Мејсон Гринвуд.

Ѕвездата на Реал имаше вербален дуел со Гринвуд на мечот со Хетафе, а камерите го уловија како во еден момент му довикува на својот сонародник „силувач“, алудирајќи на судскиот спор што Гринвуд го имаше во Англија.

Главниот судија секако не го забележа моментот, но судиската и дисциплинската комисија во Примера би можеле да му изречат суспензија на Белингем поради овој испад.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека управата на Хетафе веќе ја поднела претставката, а доколку биде прогласен за виновен, Белингем би можел да добие забрана за неиграње на максимум четири натпревари.

To top