Вести романија

Во сообраќајна несреќа во Романија загинаа седум лица, меѓу нив и навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК

Седум лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во близина на градот Темишвар во западниот дел на Романија, според романските медиуми, кога минибус во кој се пренесувале навивачи на солунскиот фудбалски клуб ПАОК, при претекнување директно се судрил со камион, јави дописничката на МИА од Атина.

Според романските медиуми, во минибусот патувале десет лица, загинаа седум, а останатите тројца се повредени.

Несреќата се случила на автопат, според видеото објавено во романските медиуми, минибусот возејќи со голема брзина при претекнување директно удрил во камион од спротивната лента и излетал од патот.

Навивачите на ПАОК тргнале од Грција, преку Романија за Франција за фудбалскиот натпревар на солунскиот клуб в четврток против Лион.

Најнови вести од Вести

To top