Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари средба со земјоделците од населеното место Банско.
По завршување на средбата во 12:30 часот изјава за медиуми ќе даде Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа, претседателот Мицкоски ќе го посети Пензионерскиот клуб и ќе оствари средба со пензионерите од Струмица.
Претседателот Мицкоски ќе оствари средба и ќе разговара со граѓаните кои имаат проблем со новиот предлог ГУП и градежните активности во Струмица.
Во 18:30 часот, претседателот Мицкоски ќе се обрати пред присутните граѓани во Мал градски парк во Струмица, се вели во соопштението на партијата.