Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.
– Ќе продолжиме цврсто да стоиме на страната на Украина за да може таа да продолжи успешно да се брани со модерна противвоздушна одбрана и друго оружје, со хуманитарна и економска помош, соопштено е од кабинетот на министерот Вадефул.
По рускиот воздушен напад вчера во кој беа вклучени стотици беспилотни летала, крстосувачки и балистички ракети, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД и другите западни сојузници да помогнат во воените напори на Украина, особено со зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина.
Германија е втор најголем воен сојузник на Украина по САД, јавуваат агенциите.