Претходно Кулемзин јави за осум загинати во нападот врз округот Кировски.
-Засега податоците се прецизираат, додаде рускиот претставник.
Во украинскиот напад бил погоден градскиот пазар.
Француските медиуми потсетуваат дека Доњецк од 2014 година е под контрола на локалните проруски герилци, раководени од Москва, и оттогаш е редовно гранатиран од украинската армија. Градот се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.