Вести македонија

Тошковски: Јавноста требаше да биде исклучена од судењето за убиствата на Вања и Панче

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски смета дека требаше да биде исклучена јавноста и судење зад затворени врати на случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

-Замислете како е чувството на секој еден член од семејството на Вања кога ги гледа сите овие информации. Како се чувствува? Некогаш јавноста треба да биде заштитена во повисок интерес од одредени информации. Овој тип на предмет не требаше да има јавност заради грозните информации кои што ќе излегуваат. Заради тоа и постојат основи за исклучување на јавност во рамки на еден ваков тип на постапка. Прво нешто ме допира е колку страшно е чувството на блиските, рече синоќа Тошковски во емисија на ТВ Алфа.

На почетокот од судењето, обвинителката во овој предмет Жаклина Крстевска-Јосифовска посочи дека мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска побарала исклучување на јавноста и судење зад затворени врати. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа, и здравјето оти медиумските известувања за овој случај и влијаеле.

Сепак, Судот не го прифати ова барање и судењето продолжи.

Најнови вести од Вести

To top