Свет ЗОИ

ЗОИ 2026: Трамп може да присуствува на машкото финале во хокеј

Претседателот на САД, Доналд Трамп, размислува за кратка посета на Италија за да го гледа финалниот натпревар од машкиот олимписки турнир во хокеј во Милано, доколку тимот на Соединетите Американски Држави се квалификува.

Според весникот „Кориере дела Сера“, патувањето нема да вклучува официјални состаноци, протоколарни настани или продолжен престој во градот – само спортски активности и брзо заминување.

Трамп може да пристигне во недела, 22 февруари, за натпревар во арената „Санта Џулија“, а потоа да присуствува на церемонијата на затворање на Игрите во Верона. Можното пристигнување уште во сабота, 20 февруари, исто така, не е исклучено.

Италијанските власти веќе започнале со прелиминарно безбедносно планирање. Обемот на безбедносните блокади и придружбата може да биде значителен, иако временски ограничен поради природата на посетата.

По групната фаза, тимот на САД се пласираше директно во четвртфиналето на олимпискиот хокеарски турнир. Во четвртфиналето САД ќе игра против победникот од натпреварот Шведска – Летонија.

To top