Свет Ризик од шуга

Жените во Газа принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чиста вода

Оваа блокада доведе до зголемување на цената на медицинските средства, на пример, една туба крем за третирање на изгореници чини 53 долари, што ја прави недостапна за повеќето Палестинци во Газа.

Жените во Газа принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чиста вода

Жените и девојчињата во Појасот Газа се принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чешли, како и поради загадената вода која предизвикува кожни и габични инфекции, вклучувајќи шуга.

Израелската блокада на палестинската енклава придонесува за брзото ширење на заразни болести, а населението се соочува со недостиг на сапун, шампон, менструални производи и средства за чистење.

– Во последниот период најчести заболувања што ги среќаваме се осип на кожата и други кожни заболувања, кои имаат многу причини, вклучувајќи пренаселеност во камповите, зголемена топлина во шаторите, потење кај децата и недостиг на вода за бањање, изјави Лобни ал-Азаизи, лекарка во болницата Камал Адван во Појасот Газа.

Ал-Азаизи секојдневно оди на работа поминувајќи покрај својата куќа, уништена во израелски напад, а со своите колеги формирала импровизирана клиника во шатори за лекување на деца, која се претворила во клиника за помош на цели семејства.

Испораката на меѓународна помош драстично е намалена откако Израел ја презеде контролата врз граничниот премин Рафа од Египет, што ја влоши хуманитарната криза за 2,3 милиони жители на палестинската енклава, кои страдаат од глад и болести. Оваа блокада доведе до зголемување на цената на медицинските средства, на пример, една туба крем за третирање на изгореници чини 53 долари, што ја прави недостапна за повеќето Палестинци во Газа.

Израел ја негира блокадата на енклавата и ја обвинува ООН за хуманитарната криза во Појасот Газа. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top