Свет Велика британија

Зголемен број мигранти преку Ла Манш, властите почнуваат депортации

Британските власти пресретнаа чамец со рекорден број мигранти – 125 лица, кој во саботата пристигнал до брегот на Обединетото Кралство, откако тргнал од Франција и го преминал Ла Манш, јави ДПА.

Досега најголемата ваква група била 106 лица, фатени во август годинава.

– Овие премини со мали чамци се целосно неприфатливи, а безобѕирните трговци со луѓе што стојат зад нив создаваат хаос на нашите граници – изјави министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд. Таа додаде дека мигрантите може да бидат задржани врз основа на билатералниот договор со Франција и дека веќе започнале првите депортации.

Од почетокот на годината до денес во Велика Британија со мали чамци пристигнале над 33.000 мигранти, што е рекорд за периодот јануари–септември откако во 2018 година почнаа да се објавуваат официјални податоци.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во саботата на бреговите на Велика Британија пристигнале 12 чамци со вкупно 895 лица. Вчера, пак, на францускиот брег загинало дете кое патувало со мигранти, а ден претходно две жени загинале при обид да го минат опасниот премин. Минатата година француската крајбрежна стража пријави 50 смртни случаи на мигранти во Ла Манш.

To top