Свет нема повредени, ниту штета

Земјотрес од четири степени според Рихтер го погоди Исланд

Земјотресот бил на околу 73 километри северозападно од главниот град Рејкјавик

Земјотрес од четири степени според Рихтер го погоди Исланд

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Исланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 73 километри северозападно од главниот град Рејкјавик, на длабочина од 14 километри.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или повредени, ниту за материјална штета.

To top