Свет Американски геолошки институт

Земјотрес од 6,7 степени според Рихтер го погоди архипелагот Вануату во Пацификот

Земјотресот се случи на длабочина од 22 километри, на околу 300 километри северно од главниот град Порт Вила.

Земјотрес од 6,7 степени според Рихтер го погоди архипелагот Вануату во Пацификот

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северниот дел на архипелагот Вануату во Пацификот, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), а властите соопштија дека не се очекува тоа да предизвика цунами.

Земјотресот се случи на длабочина од 22 километри, на околу 300 километри северно од главниот град Порт Вила, во 15:37 часот по локално време (5:47 часот по средноевропско време).

Според Американскиот институт, земјотресот се случил во близина на група ретко населени острови, а постои мала веројатност за настрадани или причинети штети.  (МИА)

To top