Свет

Земјотрес од 5,5 степени на Филипините

Земјотрес од 5,5 степени на Филипините

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Лузон на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според соопштението, земјотресот е регистриран на длабочина од 45 километри.

Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека засега нема информации за материјална штета, но дека се можни последователни потреси поради плиткиот земјотрес.

To top