Иран изврши денеска серија напади врз држави од Персискиот Залив повеќе од три недели откако САД и Израел ја започнаа својата воена операција против Исламската Република, јави ДПА.
„Системите за воздушна одбрана моментално реагираат на ракетни закани“, соопшти цивилната одбрана на Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати.
Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека досега реагирале на иранските напади со 345 ракети, 15 крстосувачки ракети и повеќе од 1.700 беспилотни летала. Двајца војници на ОАЕ и шест цивили се убиени од почетокот на војната на Блискиот Исток додека 160 лица се ранети.
Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека беспилотни летала биле пресретнати во источниот дел од државата, а една ракета била пресретната во близина на Ријад.
Вооружените сили на Бахреин соопштија дека досега пресретнале повеќе од 140 ирански ракети и повеќе од 240 ирански беспилотни летала. (МИА)