Свет ЕУ

Земјите од ЕУ дадоа зелено светло за првиот закон за вештачка интелигенција

Земјите-членки на ЕУ денеска, по интензивните преговори, одобрија закон за регулирање на вештачката интелигенција, соопшти белгиското претседателство со Советот на ЕУ.

Земјите од ЕУ дадоа зелено светло за првиот закон за вештачка интелигенција

Амбасадорите на 27-те членки на ЕУ на денешната средба „едногласно го потврдија“ политичкиот договор постигнат во декември меѓу земјите и европратениците, објави белгиското претседателство на „Х“.

Некои земји, вклучително и Франција и Германија, покренаа прашања за загриженост кои беа земени предвид пред да се финализира текстот, наведоа дипломатски извори.

-Овој закон за вештачка интелигенција е важен чекор за воспоставување на првите правила на планетата за вештачка интелигенција, што ќе ја направи побезбедна и ќе ги почитува основните права на ЕУ, потврди белгиското претседателство.

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон ја поздрави „историската и прва од ваков вид регулатива ширум светот“.

Најнови вести од Свет

To top