Свет авиони-ловци

Зеленски: Украинските пилоти почнаа да управуваат со Ф-16

Ф-16 се во Украина. Горд сум на нашите момци кои ги совладаа овие ловци и веќе почнаа да ги користат за нашата земја, изјави Зеленски.

Зеленски: Украинските пилоти почнаа да управуваат со Ф-16

Пилотите на украинските воено-воздушни сили започнаа да управуваат со авионите-ловци Ф-16 во операции во земјата, соопшти претседателот Володимир Зеленски, потврдувајќи го долгоочекуваното пристигнување на американските авиони, речиси две и пол години по почетокот на руската инвазија.

Зеленски ја објави испораката на борбените авиони на средба со пилоти од ВВС на воена база, стоејќи меѓу два примени ловци, додека над нив прелетуваа уште два.

– Ф-16 се во Украина. Горд сум на нашите момци кои ги совладаа овие ловци и веќе почнаа да ги користат за нашата земја, изјави Зеленски.

– Сега ова е реалност, реалност на нашето небо“, додаде украинскиот претседател на церемонија на ненаведено место.

Зеленски не откри колку авиони примила Украина, истакнувајќи дека бројот е „недоволен“ и дека земјата очекува „дополнителни“ испораки.

Најнови вести од Свет

To top