Свет

Зеленски: Украина не е подготвена да се повлече од регионот Донецк, САД бараат компромис

Украина не е подготвена да се повлече од регионот Донецк, додека Русија бара целосно преземање на Донбас, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакнувајќи дека САД во моментов бараат компромисно решение.

-Сите ја знаеме позицијата на Русија. Тие сакаат да го заземат целиот Донбас, а сега бараат да се повлечеме од Донбас. Ова е нивниот отворен став. Нашиот став е исто така отворен – не сме подготвени за такви чекори, додека САД бараат компромис, рече Зеленски како одговор на прашања од новинарите.

Зборувајќи за разговорите за мировниот план од 20 точки и безбедносните гаранции, Зеленски рече дека украинските и американските преговарачки тимови ќе одржат серија состаноци во САД утре и в сабота.

Според него, темите на разговорите ќе вклучуваат мировен план, безбедносни гаранции, договор за обнова на Украина и други можни чекори. Тој додаде дека украинскиот тим веќе е на пат кон Соединетите Американски Држави и дека американската страна очекува нивно пристигнување, а можно е и присуство на европски претставници.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Зеленски претходно изјави дека следната рунда украинско-американски преговори ќе се одржи во Соединетите Американски Држави по консултациите меѓу Вашингтон и Москва, наведувајќи дека средбите би можеле да се одржат уште викендот.

To top