Свет

Зеленски: Територијалните прашања остануваат клучна пречка во преговорите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека документот за безбедносните гаранции од САД е подготвен, но нагласи дека територијалните прашања во војната со Русија сè уште не се решени.

Зеленски пред новинарите на Светскиот економски форум во Давос истакна дека и Москва и Киев ќе мора да направат компромиси. Тој како „позитивен чекор“ ја оцени претстојната тристрана средба меѓу претставници на Украина, Русија и САД, која треба да се одржи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„Зборуваме за најтешкото прашање кое сè уште не е решено. Верувам дека тристраните средби ќе ги покажат сите можни опции“, изјави Зеленски.

Додека траат дипломатските напори во Давос и се подготвуваат разговорите во Абу Даби, руските напади со ракети и дронови врз украинските градови продолжуваат, оставајќи милиони луѓе без греење и електрична енергија во една од најстудените зими досега.

To top