Претседателот на Украина, Володимир Зеленски соопшти дека со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ разговарале за лекување и рехабилитација на украински војници во Црна Гора.
Зеленски и Милатовиќ разговараа во Тирана, каде што учествуваа на Самитот Украина – Југоисточна Европа.
„Имав средба со претседателот Јаков Милатовиќ и ѝ се заблагодарив на Црна Гора за гостопримството на Украинците кои избегаа од војната. Разговаравме и за лекување и рехабилитација на украински војници во Црна Гора. Благодарен сум на Црна Гора што се приклучи кон Декларацијата на Г7 од Вилнус и украинската формула за мир. Го информирав претседателот Милатовиќ за првиот Глобален самит за мир во Швајцарија како дел од нашите напори за постигнување праведен и траен мир. Го координиравме и продолжувањето на меѓународната соработка меѓу Украина и Црна Гора“, напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс. (МИА)
I had a meeting with President @JakovMilatovic and thanked Montenegro for welcoming Ukrainians who fled the war.
We also discussed medical treatment and rehabilitation for Ukrainian soldiers in Montenegro.
I am grateful to Montenegro for joining the G7 Vilnius Declaration and… pic.twitter.com/ZFYvA82oia
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 28, 2024