Свет Претставничкиот дом на САД

Зеленски се заблагодари на САД што ја одобри воената помош за Украина

Помошта за Украина, која беше изгласана посебно, е во рамки на предлог-законот за воена помош за Израел и за Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.

Зеленски се заблагодари на САД што ја одобри воената помош за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на Претставничкиот дом на САД, како и лично на неговиот претседател Мајк Џонсон, откако беше одобрена воената помош за Украина.

„Благодарен сум на Претставничкиот дом на САД, и на двете партии, и лично на претседателот (на Претставничкиот дом) Мајк Џонсон за одлуката што е на вистинскиот пат на историјата, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Помошта за Украина, која беше изгласана посебно, е во рамки на предлог-законот за воена помош за Израел и за Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.

„Клучниот американски закон за помош на Украина го усвои Претставничкиот дом, што ќе спречи ширење на војната, ќе спаси илјадници животи и ќе им помогне на нашите нации да бидат посилни“, посочува Зеленски.

Тој додаде дека се надева дека законот ќе биде поддржан во Сенатот и ќе биде испратен до американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Америко, ти благодарам“, напиша Зеленски.  (МИА)

To top