Свет „Целите на терористите се непроменети“

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети

Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.

– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.

Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.

– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Тој додаде дека руската нуклеарна енергија сè уште не е под санкции, дека рускиот воено-индустриски комплекс продолжува да прима западна микроелектроника и оти треба да има поголем притисок врз трговијата со нафта и гас. (МИА)

To top