Свет Формула за мир

Зеленски разговараше со папата за последиците од војната во Украина

„Му благодарам на Неговата Светост за молитвите за мир за Украина, за духовната блискост со нашиот народ и за хуманитарната помош за нашиот народ“, напиша Зеленски

Зеленски разговараше со папата за последиците од војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со папата Франциск за последиците од војната со Русија, вклучително и воздушните напади и тешката ситуација во енергетскиот сектор.

„Му благодарам на Неговата Светост за молитвите за мир за Украина, за духовната блискост со нашиот народ и за хуманитарната помош за нашиот народ“, напиша Зеленски на својот Фејсбук профил, по разговорот со папата во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација, каде се одржува самитот на Г7, пренесува Укринформ.

Зеленски и папата разговараа за „формулата за мир“, улогата на Ватикан во воспоставувањето праведен и одржлив мир за Украина и очекувањата од Глобалниот самит за мир, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.

Најнови вести од Свет

To top