Свет Ги отфрли обвинувањата

Зеленски: Путин сите ги смета за терористи освен себеси

Зеленски им се заблагодари на сите што работат на отстранување на последиците од најновите руски напади.

Зеленски: Путин сите ги смета за терористи освен себеси

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина била вмешана во терористичкиот напад во предградијата на Москва. За време на своето редовно обраќање, Зеленски рече дека „Путин сите освен себе ги смета за терористи“.

„Денеска Путин повторно зборуваше сам со себе, а тоа беше емитувано на телевизија. Повторно ја обвинува Украина. Болно и цинично суштество. За него сите се терористи, освен самиот тој, иако веќе две децении го води теророт. А, кога ќе замине, со него ќе исчезне и барањето за терор и насилство, бидејќи тоа е негово барање. Ничие друго“, изјави синоќа Зеленски.

Зеленски им се заблагодари на сите што работат на отстранување на последиците од најновите руски напади. Тој нагласи дека е исклучително важно да се внимава на оние на кои им е потребна поддршка. Според него, дури и ако некој се срами да побара помош, другите треба да обрнат внимание, да го поддржат и да не го оставаат сам.

Тој рече и дека во текот на денот добил пријави од армијата и разузнавањето.

Инаку, Зеленски вчера учествуваше на ифтар, специјална вечера одржана во текот на месецот Рамазан.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top