Свет Украина

Зеленски: Путин се плаши од мировни преговори

Путин претходно денеска изјави дека конфликтот во Украина ќе заврши во рок од „два месеци или помалку“ без воената помош од западните сојузници за неа. Украина во моментов  стравува од драстично намалување на американската помош со враќањето на Доналд Трамп на власт.

Зеленски: Путин се плаши од мировни преговори

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од преговори за ставање крај на војната во Украина, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Денеска Путин уште еднаш потврди дека се плаши од преговори, дека се плаши од силни лидери и дека прави се за да ја продолжи војната“, напиша Зеленски на платформата Х, откако рускиот претседател ги исклучи како можност директните разговори со неговиот украински колега.

Путин претходно денеска изјави дека конфликтот во Украина ќе заврши во рок од „два месеци или помалку“ без воената помош од западните сојузници за неа. Украина во моментов  стравува од драстично намалување на американската помош со враќањето на Доналд Трамп на власт. (МИА)

To top