-Наместо тоа, Украина ја зголемува својата способност да го уништи окупаторот, рече Зеленски во редовното вечерно видео обраќање до сонародниците, пренесен од украинските медиуми.
Во обраќањето тој потсети дека во вчерашниот напад на руските сили врз регионот Харков со наведувани бомби загинаа три лица, меѓу кои и едно дете.
-Ова е руски терор што се случува секој ден и секоја ноќ во нашите погранични и исфрлени региони на фронтот. Путин ќе направи се за да ги интензивира нападите врз Украина оваа година и ќе се обиде да не скрши, рече Зеленски, истакнувајќи дека Украина ги зголемува своите способности да „уништи окупатор“.