Свет

Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат

Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски.

Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат

Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува БТА.

Во радио интервју емитувано денеска, шефот на украинската држава повторно изјави дека, според него, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за преговори за мировен договор.

Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски.

Вчера тој изјави дека под идниот американски претседател Доналд Трамп „војната ќе заврши побрзо“.

Зеленски изрази задоволство од неговите неодамнешни контакти со Трамп, и покрај загриженоста дека американската помош за Украина може да се намали во времето на следниот шеф на Белата куќа. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top