Свет изјава

Зеленски: Киев со САД разгледуваат договор за слободна трговија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговара за можен договор за слободна трговија со Соединетите Американски Држави, кој би можел да обезбеди нула царини за трговија со Соединетите Американски Држави за некои од индустриските региони на Украина и да стане дел од поширок „план за просперитет“ за повоената обнова на земјата.

Како што изјави Зеленски за Блумберг, таков договор би ѝ дал на Украина „многу силни предности“ во споредба со соседните земји и би можел да привлече бизнис и инвестиции.

Тој додаде дека сака да ги разговара деталите за предлогот со американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека договорот би претставувал и дополнителна гаранција за економска безбедност.

Зеленски рече дека разговарал за темата откако добил извештај од секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, кој истиот ден разговарал по телефон со специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.

Украинскиот претседател, исто така, изјави дека Украина разгледува предлог на САД за воспоставување слободна економска зона што би ги одвоила украинските и руските сили по евентуално прекин на огнот.

Предлогот се однесува на борбени зони, а тампон-зоната создадена со повлекување на силите би била област во која луѓето и компаниите би можеле да живеат и работат под посебен правен и даночен режим.

To top