Свет Украина

Зеленски го одликуваше Трудо со Орден на слободата

Украинското знаме беше подигнато над градското собрание на главниот град на Канада на Денот на националното знаме на Украина. 

Зеленски го одликуваше Трудо со Орден на слободата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го одликуваше канадскиот премиер Џастин Трудо со Орден на слободата, објавено е денеска на веб-страницата на украинскиот претседател.

„Трудо беше награден за исклучителни лични заслуги во зајакнувањето на меѓувладината соработка меѓу Украина и Канада, поддршката за државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина“, се наведува во документот објавен на веб-страницата.

Украинското знаме беше подигнато над градското собрание на главниот град на Канада на Денот на националното знаме на Украина.  (МИА)

To top