Свет Стејт департментот ги повика американските граѓани веднаш да заминат од 14 држави

Затворени американските амбасади во Саудиска Арабија и во Кувајт

Затворена е и Амбасадата на САД во Кувајт откако синоќа се појавија снимки на кои се гледа како се издига чад од подрачјето каде е сместено дипломатското претставништво.

Затворени американските амбасади во Саудиска Арабија и во Кувајт

САД по иранските напади затворија две амбасади на Блиски Исток и го намалија конзуларното присуство во повеќе држави во регионот.

Денеска е затворена Амбасадата на САД во Саудиска Арабија, откако објектот беше погоден од два ирански дрона.

Затворена е и Амбасадата на САД во Кувајт откако синоќа се појавија снимки на кои се гледа како се издига чад од подрачјето каде е сместено дипломатското претставништво.

Стејт департментот ги повика американските граѓани веднаш да заминат од 14 држави од регионот поради „сериозни безбедносни ризици“. Исто така побара неесенцијалниот персонал и нивните семејства да заминат од Кувајт, Јордан, Бахреин, Катар, Ирак и Обединети Арапски Емирати. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top