Свет Бали

Запленети неколку стотини ражничи од кучешко месо на остров

За време на инспекциите оваа недела, властите откриле тројца продавачи на кучешко месо кои ги прекршуваат локалните прописи.

Запленети неколку стотини ражничи од кучешко месо на остров

Властите на Бали заплениле неколку стотици ражничи и десетици килограми сурово кучешко месо на остров во индонезискиот архипелаг каде ваквата трговија е нелегална, соопштија денеска локалните власти.

Туристичкиот центар Бали минатата година ја забрани трговијата со кучешко месо, при што прекршителите се соочуваат со затворска казна до три месеци или парична казна од 50 милиони рупии (3.064 долари), но трговијата останува легална во некои региони на Индонезија.

За време на инспекциите оваа недела, властите откриле тројца продавачи на кучешко месо кои ги прекршуваат локалните прописи.

Индонезија е една од ретките земји во светот што дозволува продажба на месо од кучиња и мачки, но кампањата за ставање крај на оваа практика добива на интензитет, а некои градови како Семаранг на островот Јава воведоа локални забрани во последните години. (МИА)

To top