Свет Хуманитарни последици

Загрижувачко: Украина води како исчезнати 55.000 нејзини граѓани

Во интервју за Укринформ, тој изјави дека тој регистар содржи имиња на лица кои исчезнале во војна, окупација или природни катастрофи и несреќи предизвикани од човечки фактор.

Загрижувачко: Украина води како исчезнати 55.000 нејзини граѓани

Украина има имиња на 55.000 нејзини граѓани во регистарот на исчезнати лица, изјави денеска заменик-министерот за внатрешни работи Леонид Тимченко.

Во интервју за Укринформ, тој изјави дека тој регистар содржи имиња на лица кои исчезнале во војна, окупација или природни катастрофи и несреќи предизвикани од човечки фактор.

Оваа бројка укажува на хуманитарните последици од сеопфатната војна што Русија ја води против Украина, која предизвика депортации, киднапирања, како и голем број смртни случаи меѓу припадниците на војската и цивилите, пишува весникот Киев Индипендент. (МИА)

To top