Во Женева денеска продолжува третата рунда преговорите помеѓу Киев и Москва со посредство на САД за завршување на четиригодишната војната во Украина.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф изјави дека вчера е остварен „значителен напредок“.
– Успехот на претседателот Трамп во спојување на двете завојувани страни доведе до значителен напредок и горди сме дека работиме под негово водство за да го запреме убивањето во овој ужасен судир. Двете страни се согласија да ги информираат своите лидери и да продолжат да работат на постигнување на договор – објави Виткоф на платформата Икс.
Главниот украински преговарач Рустем Умеров на Икс наведе дека првиот ден од преговорите бил насочен „на практични прашања и механизмите за можно решение“. Тој најави дека денеска ќе продолжат политичките и воените групи.
Умеров се заблагодари на „американските партнери на конструктивниот ангажман“.
Руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека вчерашните преговори се одржале во различни билатерални и трилатерални формати. Преговорите, според изворот, биле тензични и траеле шест часа.