Свет прага

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Дваесет и четиригодишниот чешки студент Давид Козак уби повеќе од 17 и повреди најмалку 24 лица на својот универзитет во Прага пред да биде елиминиран, соопшти чешката полиција.

Началникот на полицијата Мартин Вондрашек изјави дека властите претходно во текот на денот биле известени дека мажот можеби се упатил кон Прага од неговиот град во областа Кладно, во близина на чешкиот главен град, со намера да си го одземе животот. Недолго потоа, таткото на напаѓачот бил пронајден мртов.

„Имаме многу свежи непотврдени информации од профил на социјалната мрежа дека наводно бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година“, изјави Вондрашек за новинарите, додавајќи дека напаѓачот легално поседувал неколку огнени оружја.

„Тоа беше однапред испланиран ужасен чин што започна во областа Кладно и, за жал, заврши тука“, додаде тој.

Се истражува дали напаѓачот е убиен од полициски куршум или си го одзел животот, посочи Вондрашек.

Најнови вести од Свет

To top