Свет он

Војната во Иран е „сурова лекција“ за зависноста од фосилни горива, вели шефот за клима на ОН

Нарушувањето на енергетските пазари предизвикано од војната во Иран е „сурова лекција“ за ризиците од потпирањето на фосилни горива и ја нагласува потребата владите да ги одвикнат своите економии од нафтата и гасот, ќе им порача денеска на креаторите на политиките на ЕУ секретарот на ОН за клима Сајмон Стил.

Иако географски е далеку од кризата на Блискиот Исток, Европската унија го почувствува нејзиното влијание преку наглиот пораст на глобалните цени на енергијата. Европските цени на гасот скокнаа за 50 процент за време на војната која почна на 28 февруари.

– Зависноста од фосилни горива ја уништува националната безбедност и суверенитет, заменувајќи ги со потчинетост и зголемени трошоци – ќе им порача Сајмон Стил, извршен секретар на одделот за климатски промени на ОН (UNFCCC), на претставниците на ЕУ и владините министри на настан во Брисел.

– Европа е повеќе зависна од увоз на фосилни горива од речиси секоја друга голема економија ќе каже Стил во однапред подготвен говор објавен на сајтот на UNFCCC, во кој предупредува дека потпирањето на фосилните горива ги остава потрошувачите „на милост и немилост на геополитичките шокови и нестабилноста на цените“.

ЕУ увезува повеќе од 90 проценти од својата нафта и 80 отсто од својот гас.

Лидерите на ЕУ подготвуваат итни мерки за да ги заштитат потрошувачите од скокот на цените на енергијата. На долг рок, Европската комисија вели дека нејзината стратегија за климатски промени за замена на фосилните горива со локално произведена обновлива и нуклеарна енергија ќе ја осигура енергетската безбедност на земјите и ќе ги ослободи од нестабилните цени на горивата.

Сепак, владите, вклучувајќи ги Италија и Унгарија, го повикуваат Брисел да ги ублажи своите политики за климатски промени со цел да обезбеди краткорочно олеснување на трошоците за индустриите.

To top