Свет електронски пораки

Во Украина во еден ден пријавени над 1.200 анонимни закани со бомби

Властите веруваат дека постои можност да станува збор за „нова операција за дезинформација“ што се води од Русија.

Во Украина во еден ден пријавени над 1.200 анонимни закани со бомби

Украинската полиција објави дека денеска примила над 1.200 анонимни електронски пораки за закани со бомби од државните и локалните власти, образовните институции, бизнисите, банките и други.

Властите веруваат дека постои можност да станува збор за „нова операција за дезинформација“ што се води од Русија.

Полицијата објави на Телеграм дека не се потврдени информации за поставување бомби.

Во вакви случаи, при секоја пријава на посоченото место се испраќаат пиротехничари, единици со кучиња, истражни и интервентни тимови. (МИА)

To top