Турските власти уапсија 544 лица осомничени за врски со свештеникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека е организатор на обидот за пуч во 2016 година.
-Во операцијата спроведена во 62 од 81 турски провинции се уапсени 544 лица, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата Х.
Осомничените се обвинети дека аплицирале за испит за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и користеле шифриран комуникациски систем Бајлок. (МИА)