Светската програма за храна денеска соопшти дека добива извештаи за тиа дека луѓето во Судан умираат од глад, бидејќи е оневозможена испораката на помош во храна поради конфликтот во таа земја.
Од Светската програма за храна ги повикаа завојуваните страни во Судан, суданската армија и паравоените сили за брза поддршка итно да обезбедат гаранции за непречена испорака на хуманитарна помош во храна за деловите на земјата погодени од конфликти.
Исто така, се предупредува дека раселените цивили се заробени во областите погодени од конфликтот и гладуваат бидејќи поради борбите за нив е оневозможено доставувањето помош.
Војната во Судан, која трае од средината на април минатата година, продолжува и покрај низата мировни иницијативи и прогласени прекини на огнот.