Свет Европол

Во Шпанија уапсено 31 лице во голема операција против трговија со дрога и оружје

Во акцијата се запленети и 3.800 килограми смола за производство на канабис и 278 килограми кокаин.

Во Шпанија уапсено 31 лице во голема операција против трговија со дрога и оружје

Шпанската полиција уапси 31 лице во голема операција против трговија со дрога и оружје. Криминалната организација која ја открија имала контакти во Колумбија, Панама и Португалија.

Во акцијата се запленети и 3.800 килограми смола за производство на канабис и 278 килограми кокаин.

Властите заплениле и неколку возила, како и 500.000 евра во кеш.

Според шпанските медиуми, осомничените се уапсени во неколку градови, Хуелва, Севиља, Алхесирас, Гранада и Малага.

Главната цел на организацијата била да шверцува кокаин и канабис од Западна Африка и Јужна Америка по морски и воздушен пат.

Шпанските полициски истражители соработувале во операцијата со властите во Колумбија, Португалија, Панама, Обединетото Кралство, како и со Европол.

To top