Свет

Во Шпанија приведени 34 членови на криминалната група Црна секира

Приведените се товарат за измами, перење пари и фалсификување на документи. Според истражителите групата ги измамила своите жртви за повеќе од 5,9 милиони евра
7

Во Шпанија приведени 34 членови на криминалната група Црна секира

Шпанската полиција, со поддршка на Европол, уапси 34 луѓе во операцијата спроведена низ цела земја против меѓународната криминална група Црна секира.

Приведените се товарат за измами, перење пари и фалсификување на документи. Според истражителите групата ги измамила своите жртви за повеќе од 5,9 милиони евра.

Црна секира е основана во Нигерија кон крајот на 70-тите години од 20 век, а почна како студентско братство, но подоцна еволуирала во криминална организација, која се занимава главно со финансиски криминал.

Шпанската полиција соопшти дека операцијата била координирана со германските власти, како дел од пошироката истрага за случајот.

To top