Свет избори

Во САД отворени гласачките места на источниот брег

Избирачките места се отворени во повеќе од 20 држави на истокот на САД, од вкупно 50 каде што ќе се отвораат постепено поради временската разлика.

Во САД отворени гласачките места на источниот брег

Во САД денеска се отворени гласачките места за претседателските избори, каде граѓаните избираат шеф на државата меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и кандидатката на владејачките демократи, Камала Харис.

Повеќе од 82 милиони луѓе веќе гласаа. Кампањата беше жестока и одбележана со бројни пресврти, со два обида за атентат врз Доналд Трамп и смената на претседателскиот кандидат на Демократската партија – наместо досегашниот претседател Џо Бајден беше избрана Камала Харис.

Избирачките места се отворени во повеќе од 20 држави на истокот на САД, од вкупно 50 каде што ќе се отвораат постепено поради временската разлика.

Резултатите од анкетите покажуваат дека кандидатите се речиси изедначени, додека водечките светски обложувачници мала предност му даваат на Трамп, претседателот на САД од 2017 до 2021 година.

Поврзани теми

To top