Во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Лавов загинаа седум луѓе, а 38 се повредени, изјави градоначалникот Андриј Садовиј.
При нападот запалени се станбени згради, а две училишта се оштетени.
Руските сили лансираа проектили и беспилотни летала кон Киев и Лавов, западна Украина, недалеку од границата со Полска, при што бил активиран украинскиот систем за противвоздушна одбрана.
Во исто време Полска денеска подигна воени авиони, третпат за осум дена, во одбрана на својот воздушен простор.