Свет Во текот на ноќта

Во руски напад погоден енергетски објекти во централна Украина

Руските медиуми објавија дека руското Министерство за одбрана нападнало рафинерија која снабдувала гориво за украинските вооружени сили.

Во руски напад погоден енергетски објекти во централна Украина

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека руски напад во текот на ноќта ги погодил енергетските објекти во регионот Полтава во централна Украина, предизвикувајќи големи пожари.

Министерството соопшти дека објект за пренос на гас бил нападнат од неколку десетици дронови, предизвикувајќи штета.

-Руските окупациски сили започнаа уште еден масовен напад врз објектите за енергетска инфраструктура во регионот Полтава, користејќи и крстосувачки ракети и ударни дронови. Нападот доведе до пожари од големи размери, соопшти Министерството на Телеграм.

Министерството не прецизираше кои објекти, освен гасната инфраструктура, биле нападнати.

Руските медиуми објавија дека руското Министерство за одбрана нападнало рафинерија која снабдувала гориво за украинските вооружени сили.

Полтавскиот регион е дом на единствената рафинерија за нафта во Украина, во градот Кременчук, која постојано била напаѓана и од дронови и од ракети.

Киев не соопшти дали рафинеријата е оперативна.

Русија извршува масовни напади врз украинските нафтени депоа и објекти за складирање гориво уште од првите денови од војната. Како резултат на тоа, потребите за гориво на Украина речиси целосно се покриваат со увоз, главно од европските земји.

Руското министерство, исто така, соопшти дека од март, украинските енергетски објекти биле нападнати 2.900 пати.

Москва постојано повторува дека не напаѓа цивилна инфраструктура. (МИА)

To top